» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Кина без кучешки специјалитети
Доколку пратениците го изгласаат законот против малтретирање животни, Кинезите наскоро ќе мораат да се откажат од вековната традиција да јадат специјалитети од мачки и од кучиња.
Предлагачите на забраната предвидуваат драстични мерки што би можеле да доведат и до затворање илјадници ресторани кои служат и месари кои продаваат кучешко и мачкино месо.
- Бараме да се забрани јадење на овие животни, затоа што тоа предизвикува многу социјални проблеми - изјавил Ченг Џивен, професор по право при Кинеската академија за социјални науки и предводник на иницијативата.
За лицата што ќе дистрибуираат или консумираат месо од мачка или од куче, предвидена е казна затвор од 15 дена, а за угостителските објекти парична казна и до 5.000 евра.
Нацрт-законот веќе предизвикал контроверзни расправи во Кина меѓу неговите поддржувачи и критичарите, кои сметаат дека во оваа фаза на развојот на државата, во преден план треба да биде човекот и неговите животни услови.


