Кли­стерс збри­ша­на за 52 ми­ну­ти

12:00 | 23.01.2010 | Автор: Шпиц

Нај­го­ле­мо­то из­не­на­ду­ва­ње на де­нот се слу­чи на жен­ски­от дел од Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ав­стра­ли­ја, ка­де што Над­ја Пе­тро­ва за са­мо 52 ми­ну­ти ја збри­ша Ким Кли­стерс, пре­пу­штај­ќи & са­мо еден гем на Бел­гиј­ка­та.

- Не ми се ве­ру­ва де­ка мо­же­ше ва­кво не­што да ми се слу­чи. Не сум раз­о­ча­ра­на де­ка за­гу­бив, ту­ку за на­чи­нот на кој ми се слу­чи тоа. За овој по­раз сум ви­нов­на са­ма­та, кон­цен­тра­ци­ја­та и фо­ку­си­ра­но­ста ми беа ну­ла. Над­ја го иско­ри­сти тоа на нај­до­бар мо­жен на­чин - из­ја­ви раз­о­ча­ра­на­та Кли­стерс, 15. но­си­тел­ка во Мел­бурн.

Ма­ле­ро­зен ден има­ше и срп­ска­та те­ни­сер­ка Је­ле­на Јан­ко­виќ, ко­ја по стап­ки­те на сво­ја­та пом­ла­да ко­ле­шка Ана Ива­но­виќ се пре­се­ли на три­би­ни­те. Ос­ма­та фа­во­ри­тка со 6-2, 6-3, бе­ше по­ра­зе­на од Укра­ин­ка­та Ало­на Бон­да­рен­ко. Од фа­во­ри­тки­те не­ус­пех до­жи­веа и 11. но­си­тел­ка Ма­ри­он Бар­то­ли од Фран­ци­ја, ко­ја со 7-5, 3-6, 0-6 за­гу­би од Жи Женг од Ки­на.

На ма­шки­от дел од тур­ни­рот тре­то­то ко­ло бе­ше коб­но за 12. но­си­тел Га­ел Мон­филс. Фран­цу­зи­нот со 1-6, 6-4, 6-7, 6-7 за­гу­би од Џон Ис­нер од САД. Пре­о­ста­на­ти­те но­си­те­ли имаа ми­рен ден за­бе­ле­жу­вај­ќи убед­ли­ви по­бе­ди.

По­важ­ни ре­зул­та­ти

Ма­жи: Ро­дик – Ло­пез 6-7, 6-4, 6-4, 7-6; Дел По­тро – Ма­јер 6-3, 0-6, 6-4, 7-5; Ма­реј – Се­ра 7-5, 6-1, 6-4; Чи­лиќ – Ва­врин­ка 4-6, 6-4, 6-3, 6-3; На­дал – Кол­шрај­бер 6-4, 6-2, 2-6, 7-5.

Же­ни: Са­фи­на – Бал­та­ча 6-1, 6-2; Анин – Клеј­ба­но­ва 3-6, 6-4, 6-2; Пе­тро­ва – Кли­стерс 6-0, 6-1; Јан­ко­виќ – Бон­да­рен­ко 2-6, 3-6.

Тагови (карактеристични поими за веста):
клистерс | Тенис |