Кој ја направи Спаска Митрова национална хероина

13:45 | 10.03.2010 | Автор: МИА

Последните неколку месеци бугарското општество се претвори во сведок на драмата, околу личноста на македонската државјанка со бугарски пасош Спаска Митрова го пренесува МИА пишувањето на софиска "Дума". За кратко време, пишува новинарот на "Дума" инаку Бугарка од Детроит, сторијата околу одлежаната тримесечна пресуда во македонски затвор, г-ѓа Митрова ја претвори во главна тема за медиумите во татковината и го привлече вниманието на илјадници бугарски граѓани. Благодарение на различни интерпретации, мнозинството од нив увидоа заговор против бугарската свест и самоопределување, други се почувствуваа навредени од недостогт на топли чувства од страна на нашите македонски соседи, а трети го фокусираа вниманието на чисто човечкиот аспект од сторијата: невозможноста на г-ѓа Митрова да комуницира со својата двегодишна ќерка. Започната како банална семејна кавга, сторијата брзо ескалира во меѓународен скандал, во кој се вмешаа не само бугарските и македонски претставители, но и членови на меѓународната заедница. Во интернет пространството се распространија петиции во нејзина заштита. Случајот на Спаска Митрова изненадувачки се претвори во приоритет на ВМРО, Министерството на надворешни работи, како и на Агенцията за Бугарите во странство. Објективно гледано, во случајот со Спаска Митрова недостига политичка длабочина и коректност. Тврдењата дека Спаска е осознаена Бугарка, провоцираат редица прашања за природата на нејзиното самоопределување. Родена и израсната во македонско семејство, Спаска не зборува бугарски јазик, и покрај нејзиното бугарско високо образование. Всущност г-ѓа Митрова одлучува дека носи бугарско самосознание, брзо после започнувањето на драмата помеѓу неа и нејзиниот веќе поранешен сопруг. За бугарски пасош, пак, родољубивата "Бугарка" аплицира спокојно брзо после вмешувањето на бугарската страна во скандалот во 2009 г. Во истото време широко познат факт е, дека да се добие бугарски пасош во Македонија е релативно лесно: во последните седум години бугарско државјанство добиле 22.000 македонски државјани, со што Македонија е прва на списокот на државо по бројот на добиено пасоши од 2002 година до сега.
Недоумието буди и тенденциозно разгледување на проблемот од бугарските медиуми. Зафатени со величењето на самоопределената како „невина жртва на антибугарските чувства“ Македонка, коментаторите во татковината допуштија основна новинарска грешка: недостигот на адекватен коментар од втората засегната страна во овој случај – поранешниот сопруг на Спаска Митрова. Во единственото интервју за бугарските медиуми, Воислав Савиќ објавува „Спаска Митрова и нејзините родители ја бараат користа од бугарското државјанство. Таа е толку Бугарка, колку што сум јас црнец. Не беше Бугарка ниту кога ја зедов, ниту кога учеше. Не беше Бугарка кога настана случајот, не беше Бугарка до времето кога влезе во затвор.“
Парадоксите во врска со Спаска Митрова не завршуваат тука. Наскоро „заради своето достоинство на Бугарка и мајка“ Спаска Митрова беше удостоена со одликувањето „Св. Злата Мегленска“ за Бугарка на 2009 година од Државната агенција за Бугари во странство. Следејќи ги критериумите на членовите на составениот под покровителство на агенцијата комитет, секоја бугарска мајка во странство би требало да го прими истото одликување. Според апсурдната дефиниција, единствениот квалитет, кое претендентката за одликувањето би требало да поседува е ... достоинството.
Како Бугарка во странство не можам а да не се запрашам која е следната стапка на родните управници спрема случајот на Спаска Митрова: врачување на орденот „Стара Планина“ или подигање на споменик во чест на „достојната бугарка“ од Македонија?