Ромпој: Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финасиска помош на Грција

17:45 | 11.02.2010 | Автор: МИА
Брисел, 11 февруари - Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на денешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа принципиелен договор за доставување финасиска помош на Грција, соопшти претседателот на Унијата, Хермaн вон Ромпој.

- Конечните детали за пакетот финансиска помош за Грција ќе бидат усогласени на почетокот на следната недела на Советот на министри за финансии на ЕУ, нагласи Ромпој по завршувањето на вонредниот Самит на ЕУ.

Според неименувани дипломатски извори во Брисел, најголем дел од пакетот финансиска помош за Грција ќе отпадне на кредити од ЕУ, при што поголемиот процент од овие средства се обврзале да ги обезбедат Берлин и Париз.

Точната сума на помошта на Грција засега не е соопштена.
Според финасиските експерти, за справувања со економската криза на Грција во текот на 2010 година ќе и бидат неопходни најмалку 53 милијарди евра помош.