Македонија 59. во светот според квалитетот на живеење

10:00 | 26.01.2010 | Автор: МИА

/ Балтимор, 26 јануари - Македонија е рангирана на 59. место на годинашната листа најдобри земји за живеење што традиционално ја објавува меѓународниот интернет магазин „Интернатионал ливинг“.
Листата се изработува врз основа на девет критериуми: трошоци на живот, култура и слободно време, економија, животна средина, слобода, здравство, инфраструктура, безбедност и климатски услови.
Најдобри оценки Македонија има за климата, безбедноста и животната средина, а најлоши за економијата и инфраструктурата.
Земја каде што најубаво се живее петта година по ред е Франција, а по неа се Австралија, Швајцарија, Германија и Нов Зеланд. Во топ-10 се и Луксембург, САД, Белгија, Канада и Италија.
Од државите во регинот, со највисок квалитет на живот е Словенија на 27. место, Грција е 28, Хрватска 37, а Бугарија е 44. По Македонија се Албанија и Босна и Херцеговина на 65. односно на 66. место, како и Турција на 72 позиција.

Најлоши за живеење, според листата објавена на веб страницата на магазинот www.internationalliving.com, на која се рангирани 194 земји, се Авганистан, Чад, Судан, Јемен и Сомалија.

commercial