Ми­ло­шо­ски ќе се сли­ка се­га, ние пос­ле!

Сред­ба­та на ми­ни­стри­те Ми­ло­шо­ски и Дру­цас е са­мо глу­ме­ње на пре­го­во­ри и за­ла­жу­ва­ње на јав­но­ста и на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца де­ка ма­ке­дон­ска­та стра­на по­ка­жу­ва актив­ност и кон­стру­ктив­ност во ре­ша­ва­ње­то на спо­рот со име­то, оце­ну­ва­ат екс­пер­ти.

21:00 | 25.01.2010 | Автор: Маја Михајловска

Чи­ста фар­са, глу­ме­ње на пре­го­во­ри и за­ма­ју­ва­ње на јав­но­ста де­ка ма­ке­дон­ска­та стра­на по­ка­жу­ва кон­стру­ктив­ност и по­ли­тич­ка вол­ја да го ре­ши спо­рот за име­то, иа­ко ни на крај па­мет не им па­ѓа та­кво не­што. Ва­ка екс­пер­ти ја тол­ку­ва­ат по­ка­на­та на ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски до ал­тер­на­тив­ни­от шеф на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја Ди­ми­трис Дру­цас, да се срет­нат за­ду­тре во Лон­дон, на мар­ги­ни­те на Ме­ѓу­на­род­на­та кон­фе­рен­ци­ја за Авга­ни­стан.

- Во Лон­дон са­мо ќе се сли­ка­ат, за да по­ка­жат пред ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност и по до­ма де­ка се актив­ни и де­ка пра­ват не­што. Всуш­ност, сред­ба­та што ја ини­ци­ра ми­ни­сте­рот Ми­ло­шо­ски не­ма ни­ка­кво зна­че­ње, за­тоа што исто­вре­ме­но пре­ми­е­рот Гру­ев­ски од­на­пред, уште пред грч­ка­та стра­на да да­де сог­лас­ност де­ка ја при­фа­ќа по­ка­на­та, из­ле­гу­ва со из­ја­ва де­ка од сред­ба­та не­ма да из­ле­зе ни­што по­зи­тив­но. Спо­ред не­го, единс­тве­но грч­ка­та стра­на, со ко­ја е оп­сед­нат, е таа ко­ја по­ка­жу­ва не­кон­стру­ктив­ност. Но, со ва­кви­от став и при­стап кон пре­го­во­ри­те за име­то до­би­ва­ат кај на­ро­дот на вре­ме, глу­мат де­ка се кон­стру­ктив­на стра­на и ини­ци­ра­ат пре­го­во­ри - ве­ли про­фе­со­рот Љу­бо­мир Фрч­ко­ски.
Спо­ред не­го, сред­би­те на по­ви­со­ки ни­воа од две­те стра­ни не мо­жат да зна­чат пре­го­во­ри, се до­де­ка не се фор­ми­ра­ат ти­мо­ви од две­те стра­ни кои прет­ход­но ќе ги ре­ша­ва­ат де­та­ли­те.

- Мо­же да се сли­ка­ат кол­ку што са­ка­ат на тие сред­би, но и за­че­сте­но­то гле­да­ње без кон­крет­ни по­ме­сту­ва­ња во пре­го­во­ри­те и без кон­крет­ни ре­зул­та­ти ќе до­ве­де до раз­о­ча­ру­ва­ње кај на­ро­дот, кој оче­ку­ва ова пра­ша­ње да се ре­ши и да се одб­ло­ки­ра про­це­сот на зач­ле­ну­ва­ње во ЕУ и во НА­ТО - истак­ну­ва Фрч­ко­ски и до­да­ва де­ка ви­стин­ски пре­го­во­ри мо­же да се отво­рат са­мо во слу­чај вла­да­та на ВМРО-ДПМНЕ да би­де при­тис­на­та од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и од ал­бан­ски­от фа­ктор, кој ќе го из­гу­би тр­пе­ни­е­то бе­скрај­но да че­ка да би­де ре­шен спо­рот со име­то и да из­ле­зе од ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот.

Про­фе­со­рот Сте­во Пен­да­ров­ски има сли­чен став, де­ка со ини­ци­ра­ње на сред­ба­та са­ка да се при­ка­же актив­ност во вр­ска со ре­ша­ва­ње на спо­рот со име­то, по­ра­ди при­ти­со­кот кој дој­де од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и од дип­ло­ма­ти­те во зем­ја­ва во пос­лед­ни­от пер­и­од. Спо­ред не­го, ин­ди­ка­тив­но е што во со­др­жи­на­та на по­ка­на­та ми­ни­сте­рот Ми­ло­шо­ски раз­го­во­ри­те за спо­рот за име­то ги ста­ва на пос­лед­но ме­сто.

- На­ме­сто да се скон­цен­три­ра на тоа пра­ша­ње, кое е всуш­ност нај­гор­ли­во и од кое за­ви­си ре­ша­ва­ње­то на си­те дру­ги проб­ле­ми, тој ка­ко пр­ва точ­ка за што би се раз­го­ва­ра­ло на сред­ба­та го на­ве­де зго­ле­му­ва­ње­то на бро­јот на гра­нич­ни­те пре­ми­ни и, ка­ко вто­ро, по­диг­ну­ва­ње на ни­во­то на кан­це­ла­ри­и­те за вр­ски во Ати­на и Скоп­је на ранг на ам­ба­са­ди, до­де­ка раз­го­во­рот за спо­рот со име­то го ста­ва ка­ко на мар­ги­на на раз­го­во­ри­те, ка­ко фус­но­та. Ду­ри и не ка­жу­ва де­ка во­оп­што ќе да­де но­ви идеи и кон­крет­ни раз­мис­лу­ва­ња за ре­ша­ва­ње на спо­рот со име­то - ве­ли Пен­да­ров­ски.
Пре­ми­е­рот Гру­ев­ски на вче­раш­ни­от по­ја­док со биз­нис­ме­ни­те од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра из­ја­ви де­ка вла­да­та се оби­ду­ва да има по­чест ди­ја­лог, со цел да се дој­де до не­ка­кво ре­ше­ние за проб­ле­мот, кој спо­ред не­го, ни го на­мет­наа.