» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Милошоски – Накоро нова рунда разговори за името
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски најави денеска дека посредникот Метју Нимиц наскоро ќе свика нова рунда разговори за разликите со Грицја околу името.
Милошоски, кој денеска е во официјална посета на БиХ, наведе дека „посредникот во процесот Метју Нимиц во март уште еднаш ќе ги повика претставниците на Македонија и на Грција на уште една рунда преговори“, соопшти владата.
Македонија ја продолжува конструктивната улога во преговарачкиот процес и смета оти секоја страна треба да го изрази своето мислење, посочил Милошоски.
Во врска со проблемот со македонски азиланти во европските земји, Милошоски истакнал оти станува збор за поединечни инциденти кои можат лесно да се надминат, бидејќи уште пред добивањето визна либерализација, има склучено договори за реадмисија со земјите-членки на ЕУ.
„Визната либерализација потврди дека Македонија има капацитет да биде дел од безвизната европска зона, и тоа е една двојна добивка од која корист секако имаат и македонските граѓани, но и самата Унија, која има поголема контрола на податоците и движењето на луѓето, изјавил Милошоски.по средбата со неговиот босански колега Свен Алкалај.
Шефовите на макеоднската и на босанската дипломатија, во врска со регионалните односи, се согласиле оти прашањето со сукцесијата на имотот на поранешна Југославија треба што побрзо да се реши во корист на сите поранешни републики, и конечно договорот да се спроведе во дело..


