» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Минијатурен и компјутер во екран од Епл
Наредната среда ќе биде голем ден за љубителите на производите на американската фабрика за компјутери и за мобилни телефони, престижниот Епл. На 27 јануари во Сан Франциско ќе се одржи специјален настан, на кој според шпекулациите компанијата на Стив Џобс ќе претстави неколку нови производи, меѓу кои и четвртата генерација на софтверот за мобилните телефони ајфон, микрокомпјутерот наречен „таблет“ и новиот персонален сметач „ај мек тач“.
Според најавите, „ајтаблет“ ќе биде минијатурен компјутер со 5-инчен екран, кој ќе биде за малку поголем од оној на ајфонот, кој изнесува 3,5 инчи. Се верува дека и тој ќе работи на новиот софтвер, а неговото појавување на пазарот се претвори во голема фама придружена со еден куп шпекулации.
Се погласно се зборува дека токму преку новиот таблет на Епл, реномираниот американски весник „Њујорк тајмс“ ќе ги дистрибуира содржините на интернет, кои наводно планира да ги наплаќа. Оваа соработка, исто така, е завиткана во превезот на мистеријата, начин на промоција кој веројатно Епл го научи од Гугл.
Но, ова нема да биде се. Епл планира на истиот настан да го промовира и компјутерот „ај мек тач“, или подобро кажано персоналниот сметач кој изгледа како еден обичен ЛЦД-телевизор во кого е сместена целиот хардвер. „Ај мек тач ќе има екран долг 22 инчи, кој исто како и другите два производи на Епл ќе биде осетлив на допир.


