» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Многу подготовки за премиерска средба
12:30 | 04.02.2010 | Автор: МИА
Потребни се многу подготовки за средба на премиерите на Македонија и на Грција, велат во грчката Влада за предлогот на македонскиот премиер Никола Груевски за одржување нов состанок со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
- „Господинoт Груевски предложи средба со премиерот Папандреу. Одговорот од господин Папандреу е дека за таков состанок се потребни многу подготовки“, се вели во краткиот одговор од Владата во Атина даден за Радио Слободна Европа, на барањето за коментар во врска со вчерашниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери и иницијативата на Груевски за нова средба со Папандреу.
Шефот на македонската Влада вчера телефонски разговарал со грчкиот премиер, а завчера му испратил и писмо во кое предлага да имаат нова тет-а-тет средба во Република Македонија или на некое друго место кое би се одредило во меѓусебен договор, во насока на подобрување на односите и придвижување на процесот за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името.
Во телефонсиот разговор, како што информира владината прес служба, станало збор за повеќе прашања од меѓусебен интерес, а двајцата премиери размениле мислења и за економските состојби во двете земји, како и за други прашања од билатерален и регионален карактер.