На грчко-бугарската граница блокадите траат

12:45 | 05.02.2010 | Автор: МИА

/ Грчките фармери почнаа да ги повлекуваат блокадите од автопатите во Грција, кои го зголемија притисокот врз социјалистичката влада во земјата во периодот на финансиска криза, предизвикана од нараснатите долгови, пренесоа американските медиуми. Кампањата на блокади почна кон средината на јануари со барање за повисоки субвенции и нивно побрзо исплаќање. Фармерите, денеска, почнаа да ги креваат блокадите, и покрај цврстото одбивање на владата да ги зголеми плаќањата за да ја заштити цената на производството. Фармерите кои протестираат на грчко-бугарската граница, меѓутоа, одбија да се усогласат со одлуката на своите колеги и соопштија дека ќе ја продолжат својата блокада со трактори, се додека нивните барања не бидат исполнети.

commercial