» Најкоментирани од последната недела:
На 3 февруари, грчкиот парламент ќе го избира новиот претседател на Грција
18:00 | 27.01.2010 | Автор: МИА
Грчкиот Парламент на 3 февруари ќе го избира новиот претседател на Грција, изјави денеска претседателот на законодавното тело Филипос Пецалникос.
Грчкиот премиер и лидер на владејачката ПАСОК Јоргос Папандреу и лидерот на конзервативната опозиција Андонис Самарас, изразија поддршка за реизбирањето на актуелниот претседател Карлос Папуљас, кој во моментов е единствениот кандидат за таа функција. Папандреу денеска го посети претседателот Папуљас и официјално му го соопшти предлогот за негов реизбор за втор мандат.
Согласно Уставот претседателот на Грција се бира од Парламентот во три круга. Доколку во рамки на таа процедутра не биде избран шеф на државата, Парламентот се распушта и се свикуваат нови избори. Претседателот може да биде избран во првиот круг, доколку добие поддршка од 200 од вкупно 300 пратеници во Парламентот.