» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Најмалку осум загинати во поплави и лизгање на земјиштето во Саудиска Арабија
17:45 | 15.02.2010 | Автор: МИА
Ријад, 15 февруари - Најмалку осум лица загинаа, а 73 се повредени во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од обилните дождови што изминативе делови ги зафатија западните делови на Саудиска Арабија.
Шест лица ги загубиле животите кога врз нивната семејна куќа во светиот мулисмански град Мека паднал блок од блискиот стадион, откорнат при силните ветрови кои ги следат обилните дождови.
При лизгање на земјиштето во реонот на Мека се уништени неколку куќи, при што околу 60 лица останаа без своите домови.
Саудиските власти прогласија вонредна состојба во реонот на Мека, кој е најтешко погоден во обилните дождови. Поради немањето атмосферска канализација во Мека, голем број улици во градот се под вода.
Реонот на Мека беше зафатен од обилни дождови и во ноември минатата година, при што во предизвиканите поплави и лизгање на земјиштето загинаа 130 лица.