» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Нивото на Охридското Езеро намалено
10:45 | 19.02.2010 | Автор: Шпиц
Охридското Езеро преку реката Црн Дрим во Струга максимално ја испушта водата од 50 метри во секунда, што овозможи намалување на нивото на водата во езерото, соопшти Центарот за управување со кризи.
Нивото на Глобочичко Езеро е за три сантиметри повисоко од вчера. Нивото на водотеците кои се влеваат во Охридско Езеро утрово беа со благ пораст, но нема опасност за излевање. Досега нема пријавено поплавени површини и објекти од езерото.
Состојбата со водата во реката Црн Дрим денес е стабилна и нема опасност од поткопување на насипите. Вчера имаше излевање на околу еден километар под браната на хидроакумулацијата Глобочица, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на село Луково. Реката се прелеала на околу 150 метри долж патот и преку него, но нема опасност од поткопување.
На терен биле претставници од Центарот за управување со кризи и од регионалните центри за управување со кризи од Охрид и Струга, од Дирекцијата за заштита и спасување, „Македонија пат“ и од министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.
За санација на настанатата состојба, како што информира ЦУК, биле ангажирани 42 лица од Дирекцијата за заштита и спасување кои полнеле 5.000 вреќи со песок за поставување заштитен ѕид за спречување на излевањето. Биле користени и багери и гасеничар за расчистување на речното корито од гранки и друг материјал.