» Најкоментирани од последната недела:
Нова истрага за исчезнатата Ангела
Прилепското обвинителство на полицијата & даде нови насоки како да го истражува случајот со исчезнатото шестгодишно девојче од мариовското село Дуње. Промената на истрагата е направена поради тоа што и по шест месеци откако Ангела Ѓорѓиоска исчезна од дворот во семејната куќа, сe уште нема ниту трага, ниту глас од неа. Нејзината мајка Анастасија вели дека е жива, но се сомнева оти е киднапирана и продадена. Од полицијата велат дека потрагата по Ангела продолжува.
- Болка имам во градите. Најтешко е наутро, кога ќе се разбудам и кога ја нема Ангела покрај мене. Нејзиниот брат, четиригодишниот Блашко секој ден ја бара. Ѓорѓина, пак, помалата сестра не знае дека ја нема - раскажува Анастасија.
Таа вели дека веќе три месеци ниту полицијата нема стапнато во нивниот дом.
- Не знаеме до каде е потрагата. Полицијата нема дојдено кај нас два месеца - вели мајката.
Од МВР велат дека нема ништо ново во врска со случајот на исчезнатата Ангела.
- Потрагата продолжува - кратко ни изјавија од МВР.
Шестгодишната Ангела исчезна на 23 јули минатата година. Девојчето со братучетка & била кај соседите и порано тргнала за дома, но на педесетина метри од семејната куќа & се губат трагите. Ангела годинава требаше да биде прваче.


