» Најкоментирани од последната недела:
Нови жртви во Авганистан
10:30 | 01.03.2010 | Автор: e-reporter
Цел на нападот бил конвој на силите на НАТО на југот на Авганистан, каде исламистичките бунтвници се многу активни, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Бомбашот самубиец удрил со автомобил полн со експлозив во конвој окопни возила на ИСАФ, на автопат кој ги поврзува Кандахар и Спин Болдак, во покраината Кандахар.
„Во нападот загинаа четири недолжни цивили и еден друг е ранет“, соопштија авганистанските власти.
Портпаролот на ИСАФ во Кабул потврди дека во инцдентот е убиен припадник на НАТО, но не ја откри неговата националност.


