» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Охридското Езеро, како и претходните денови
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска е непроменето во однос на вчерашниот ден, и изнесува меѓу 23 и 24 сантиметри над максимално дозволната граница.
Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, намален е дотокот на локалните реки во езерото, а прогнозите за суво време во текот на наредните денови без врнежи, се очекува позитивно да влијае врз хидролошката состојба односно да резултира со стагнација на езерското ниво.
Испустот на вода преку портите на Црн Дрим изнесува 60 метри кубни во секунда, додека од преливната шахта на Глобочичкото Езеро се излеваат 37 метри кубни вода во секунда.
Инаку, состојбата на акумулацијата „Глобочица“ е стабилна и има опаѓање на нивото на водата за два сантиметри, додека Дебарското Езеро денеска бележи минимален прелив.


