» Најкоментирани од последната недела:
Поплави во Грција и во Бугарија, свлечишта во Италија
Солун/Рим, 15 февруари - Во Северна Грција беше прогласена вонредна состојба откако реката Марица се излеа и поплави над 1.400 хектари земјоделски површини.
Грчките власти во меѓувреме почнаа да евакуираат села на североистокот на Грција, поплавени од реката Марица.
Грчки претставници изјавија дека Марица поплавила над 15.000 хектари во округот на Еврос.
Бугарија исто така беше зафатена од поројните дождови и снежните бури, што предизвикаа поплави, го блокираа движењето и доведоа до прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Во исто време останува критична ситуацијата по течението на реката Тунџа во областа Јамбол во југоисточна Бугарија. Нивото на реката продолжува да се зголемува како резултат на врнежите, при што поплавени се 40 куќи.
Граничниот премин Капитан Андреево, главен граничен премин за Турција, беше затворен,
откако реката Марица го поплави и движењето требаше да биде пренасочено.
Снежни бури го засегнаа јужниот дел на земјата, прекинувајќи го снабдувањето со струја во над 70 села.
Во исто време, невремето во италијанскиот регион Калабрија, предизвика повеќе стотици помали свлечишта, што доведе до евакуација на најмалку 40 семејства.
Само околу градот Косенце има над 180 свлечишта, а најмногу евакуирани се од регионот на градот Катанцара, каде реката Али вчера се излила. Засега не се знае дали има жртви.


