» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Попуст за македонските граѓани за престој на Златибор
Македонските туристи кои ќе одлучат да летуваат или зимуваат во спортско-рекреативниот центар „Златибор“ ќе добијат попуст од пет до 20 отсто.Причината за тоа, според директорот на туристичката организација „Златибор“ Арсен Ѓуриќ, да се зголеми бројот на гостите од Македонија.Златибор располага со културно и историско богатство, терени за спорт и рекреација, хотели и апартмани од сите категории и нуди забава и анимација за посетителите. Познат е и по лечењето на болестите на штитната жлезда во институтот „Чигота“, каде од оваа година се применува и програмата за слабеење на деца.По десет години пауза, од 2007 година функционира ски-центарот „Торник“ каде е монтирана жичарница со капацитет 1.000 скијачи на час долга 1.850 метри. - Ски центарот „Торник“ нуди потполно уредени патеки за скијање кои функционираат во зима, а годинава се работи на системот за вештачки снег кој треба да биде завршен до почетокот на зимската сезона. Од оваа зима нема да зависиме од временските услови, туку ќе имаме сосема сигурна скијачка сезона која ќе трае 90 дена без разлика на временските прилики, посочи Ѓуриќ.Тој информира дека жичарницата ќе биде во функција и во текот на летото за панорамско разгледување на Торник, но и на цел Златибор.- Во текот на целата година претстојуваат повеќе од 250.000 гости со повеќе од еден милион ноќевања, со тоа сме лидер во Србија за најпосетено туристичко место ги обновуваме туристичките капацитети и ја збогатуваме туристичката понуда, да станеме светски турисички центар, додаде Ѓуриќ. Златибор е една од попознатите туристички дестинации во Србија. Се наоѓа во западниот дел на државата и од Скопје е оддалечен околу 400 километри. Годишно е посетен од околу 250 илјади гости. Располага со околу 15 илјади легла во висока класа, четири илјади легла во хотели и одмаралишта и околу девет илјади легла во приватното сместување.


