» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Потврдена средбата Милошоски - Друцас во Лондон
Скопје, 27 јануари - Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас ќе се сретнат утре попладне во Лондон на маргините на Меѓународната конференција посветена на Авганистан.
Средбата, што ја иницираше македонското МНР, кое минатата недела упати барање до официјална Атина, е потврдена од Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение објавено синоќа.
Освен за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија, се очекува Милошоски и Друцас да разговараат и за подигнувањето на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина, за потпишување договор за избегнување двојно оданочување, како и за отворање нови гранични премини меѓу Република Македонија и Република Грција, иницијативи кои македонскиот министер за надворешни работи ги покрена на средбата со Друцас кон крајот на минатата година во Атина, на маргините на министерската конференција на ОБСЕ.


