Поз­на­ти­те го по­ви­каа све­тот да му по­мог­не на Ха­и­ти

Од пе­точ­на­та кам­па­ња, во ко­ја ѕвез­ди­те од све­тот на му­зи­ка­та и фил­мот апе­ли­раа за по­мош на Ха­и­ти, со­бра­ни се 57 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

22:00 | 24.01.2010 | Автор: Климентина Илиевски

Во Лон­дон, Њу­јорк и во Лос Ан­џе­лес па­ра­лел­но се одр­жаа кон­цер­ти, на кои по­ве­ќе од 100 ми­зич­ки и филм­ски ѕвез­ди му ис­пра­ти­ја по­ра­ка на све­тот да му по­мог­не на на­се­ле­ни­е­то на Ха­и­ти, кој бе­ше по­го­ден од ка­та­стро­фа­лен зем­јо­трес на 12 ја­ну­а­ри, во кој за­ги­наа око­лу 200.000 ли­ца. Спо­ред пр­вич­ни­те прес­ме­тки од пе­точ­на­та кам­па­ња, во ко­ја ѕвез­ди­те од све­тот на му­зи­ка­та и фил­мот апе­ли­раа за по­мош на Ха­и­ти, со­бра­ни се 57 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

Во­ди­тел на гло­бал­ни­от ТВ-пре­нос на кам­па­ња­та „На­деж за Ха­и­ти вед­наш“ во Лос Ан­џе­лес бе­ше хо­ли­вуд­ска­та ѕвез­да Џорџ Клу­ни, кој е и иде­ен ини­ци­ја­тор на кам­па­ња­та во ко­ја по­мош се со­би­ра­ше по те­ле­фон­ски пат.

На Клу­ни му се при­дру­жи­ја и ра­пе­рот Вајк­лиф Жан, кој е ро­ден на Ха­и­ти, Ма­до­на, фронт­ме­нот на „Ју­ту“ - Бо­но Вокс и Ри­ја­на.

Кон­цер­тот го пре­не­су­ваа си­те по­го­ле­ми аме­ри­кан­ски и бри­тан­ски ТВ-ста­ни­ци, ка­ко и му­зич­ки­от ка­нал „Ем-ти-ви“, а мо­же­ше да се сле­ди и пре­ку Јут­јуб.

Кон­цер­тот со пес­на го отво­ри пе­јач­ка­та Али­ша Кис, по што на гле­да­чи­те низ све­тот им се обра­ти Клу­ни.

- На на­ро­дот на Ха­и­ти му е по­треб­на ва­ша­та по­мош. Тие мо­ра да зна­ат де­ка не се са­ми и оти се гри­жи­ме за нив - по­ра­ча Клу­ни, кој и са­ми­от до­ни­ра­ше ми­ли­он до­ла­ри.

Ме­ѓу учес­ни­ци­те на оваа ху­ма­ни­тар­на ак­ци­ја беа ра­пе­рот Џеј Зи, Ри­ја­на, Ше­рил Кроу, Кит Ур­бан, Џа­стин Тим­бер­лејк, Ша­ки­ра, Мет Мо­рис, Сти­ви Вон­дер и Брус Спринг­стин.

Акте­ри­те, ме­ѓу кои Ле­о­нар­до ди Ка­прио, Ден­зел Ва­шин­гтон и Ни­кол Кид­ман, рас­ка­жу­ваа за искус­тва­та на Ха­и­ќа­ни­те кои го пре­жи­ве­а­ле зем­јо­тре­сот и за на­по­ри­те на спа­су­вач­ки­те ти­мо­ви.
Не­кои од ѕвез­ди­те ве­ќе при­ло­жи­ја го­ле­ми до­на­ции на ху­ма­ни­тар­ни­те ор­га­ни­за­ции, ка­ко актер­ка­та Сан­дра Бу­лок - ми­ли­он до­ла­ри, двој­ка­та Ан­џе­ли­на Џо­ли и Бред Пит - ми­ли­он до­ла­ри и ма­не­кен­ка­та Жи­зел Бунд­хен - 1,5 ми­ли­он до­ла­ри.

Тагови (карактеристични поими за веста):
помош | хаити |