» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Презентиран ајфон-компјутерот
20:00 | 27.01.2010 | Автор: Шпиц
Компанијата што го произведува Ајфонот, популарната Епл, во текот на вчерашниот ден во Сан Франциско требаше да го промовира својот нов производ, таканаречениот таблет. Минијатурниот компјутер на Епл ќе има 5-инчен екран, кој е само за малку поголем од оној на Ајфонот, чиј дисплеј има дијагонала долга 3,5 инчи. Затоа слободно може да се каже дека тој е некаков вид ајфон-компјутер.
Она што ги поврзува овие два уреда е и фактот што таблет-компјутерот ќе го користи истиот софтвер како телефонот, што во практиката значи дека минијатурниот компјутер ќе може веднаш да користи дури 150.000 програмчиња. Новиот производ на компанијата на Стив Џобс ќе има и ви-фи пристап до интернет, нешто без што не може да се замисли кој било преносен компјутер во денешницата. Интересно е дека околу таблет-компјутерот на Епл се дигна огромна прашина во компјутерските кругови и се очекува тој да ги достигне успесите на Ајфонот.