» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци
09:45 | 02.02.2010 | Автор: МИА
Граничниот премин Промахон на грчко-бугарската граница и понатаму е затворен поради блокади на грчките земјоделци. Дозволен им е премин само на автомобилите и автобусите. Од синоќа отворен за сообраќај е граничниот премин Ормениот-капетан Петко Војвода. Засега нормално се одвива и движењето на превозните средства на останатите гранични премини во Северна Грција, кои синоќа беа затворени. Трактори и земјоделски машини се уште се поставени по магистралата Игнатиа во реонот на Кардилија и Хрисуполи во правец кон Кавала. Блокади има и кај Лариса и Магнисија по автопатот меѓу Солун и Атина.


