Пр­ви­от дрим-тим во Ку­ќа­та на слав­ни­те

Џор­дан, Ме­џик, Брд, Пи­пен и тре­не­рот Деј­ли, кој не по­ви­ка ни­е­ден тајм-аут на ОИ во Бар­се­ло­на, ќе се нај­дат во ко­шар­кар­ски­от му­зеј во Сприн­гфилд

22:00 | 24.01.2010 | Автор: Шпиц

Нај­до­бра­та ко­шар­кар­ска еки­па на си­те вре­ми­ња, пр­ви­от аме­ри­кан­ски дрим-тим ќе се нај­де во Ку­ќа­та на слав­ни­те. Еки­па­та, ко­ја на Олим­пи­ски­те игри во Бар­се­ло­на во 1992 го­ди­на над­моќ­но го освои злат­ни­от ме­дал, бе­ше пред­во­де­на од Мајкл Џор­дан, Ме­џик Џон­сон и од Ле­ри Бирд. Тре­нер бе­ше Џак Деј­ли, кој на осум­те сред­би не по­ви­ка ни­е­ден тајм-аут би­деј­ќи за тоа не­ма­ше ни­ка­ква по­тре­ба. Во ти­мот учес­тву­ваа и Чарлс Барк­ли, Клајд Дрекс­лер, Па­трик Ју­инг, Џон Сто­ктон, Крис Ма­лин, Кри­сти­јан Лејт­нер, Карл Ме­ло­ун, Ско­ти Пи­пен и Деј­вид Ро­бин­сон.

Но­ви­те ла­у­ре­а­ти за влез во Ку­ќа­та на слав­ни­те ќе би­дат обе­ло­де­не­ти на ол­стар-ви­кен­дот на 12 фе­вру­а­ри во Да­лас, а све­че­но­ста во Сприн­гфилд ќе се одр­жи на 13 август, за на неа да мо­жат да учес­тву­ва­ат и чле­но­ви­те на нај­но­ви­от дрим-тим, кој од 28 август до 12 сеп­тем­ври во Тур­ци­ја ќе се оби­де од Шпа­ни­ја да ја од­зе­ме свет­ска­та ти­ту­ла.

Се­лек­ци­ја­та на САД во фи­на­ле­то во Бар­се­ло­на со 117-85 ја сов­ла­да Хр­ват­ска, ко­ја пред­во­де­на од Дра­жен Пе­тро­виќ, То­ни Ку­коч, Ди­но Ра­џа и Стој­ко Вран­ко­виќ ус­пе­ва­ше да др­жи че­кор во те­кот на пр­во­то по­лу­вре­ме. Тре­не­рот Деј­ли, по­го­ле­ми­от дел од вре­ме­то му бе­ше здо­дев­но на клу­па­та, а оста­на за­па­ме­тен по не­по­ви­ку­ва­ње­то на то­гаш нај­до­бри­от бек Ај­зеа То­мас. Чак бе­ше не­гов тре­нер и тво­рец на ге­не­ра­ци­ја­та на ло­ши­те мом­чи­ња од Де­тро­ит, кои две го­ди­ни по ред ја осво­ју­ваа ти­ту­ла­та во НБА-ли­га­та. Тој не го по­ви­ка во­ди­те­лот на игра­та на не­го­ви­от тим, по­ра­ди не­тр­пе­ли­во­ста на То­мас со ѕвез­ди­те на Чи­ка­го булс, Џор­дан и Пи­пен. На не­го­во­то ме­сто бе­ше по­ви­кан единс­тве­ни­от играч што не на­ста­пу­ва­ше во НБА-ли­га­та, ама­те­рот Лејт­нер, кој по­тоа има­ше про­сеч­на про­фе­си­о­нал­на ка­ри­е­ра.

Ти­мот бе­ше тол­ку до­ми­нан­тен, а Џор­дан во ед­на при­го­да из­ја­ви де­ка нај­се­ри­оз­на­та сред­ба ја оди­грал во Мон­те Кар­ло, ко­га Аме­ри­кан­ци­те игра­ле про­тив се­бе. Во не­го­ви­от тим би­ле Пи­пен, Брд, Ме­ло­ун и Ју­инг, а на спро­тив­на­та стра­на би­ле Ме­џик, Барк­ли, Ма­лин, Ро­бин­сон и Лејт­нер. Нај­до­бри­от ко­шар­кар на си­те вре­ми­ња ве­ли де­ка тоа му би­ла нај­до­бра­та сред­ба што ја оди­грал во жи­во­тот.