Расте нивото на Охридското езеро

18:45 | 24.02.2010 | Автор: e-reporter
Поројниот дожд попладнево доведе до благо зголемување на нивото на Охридското Езеро, а екипите на терен ја мониторираат состојбата и на критичните точки се поставени насипи за заштита.

Како што вечерва соопшти Министерството за транспорт и врски, како дел од мерките за превенција, дополнителни количества вода се испуштат кај реката Дрим, а целосно е овозможено истекување на водата кај месноста Далјан.

Во другите делови во Македонија нивото на водостојот е стабилно и не се очекува покачување, соопшти Министерството.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите што ја зафатија Македонија се очекува да престанат во текот на ноќта, по што во наредниот период ќе има разведрување и сончеви денови.