» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Русин преживеал 126 удари со секира
20:15 | 25.01.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска
Русин преживеал 126 удари со секира од неговата сопруга и од нејзината љубовница. Рускиот бизнисмен Сергеј Тимин (48) преживеа 126 удари со метална шипка и секира, кои му ги нанеле сопругата и нејзината љубовница-полицајка, наведуваат руските медиуми.
Кавгата избила во станот на Сергеј во Нижни Новгород, за околу 100 милиони рубли (2,3 милиони евра), кои сопругата Татјана сакала да & припаднат со разводот.
- Не успеав ниту да седнам, а една од нив ме удри со секира по вратот. Не ја загубив свеста. Продолжија да ме удираат, но сепак некако успеав да побегнам од станот - вели Сергеј.
Соседите ги слушнале неговите крици и повикале полиција.
Откако не успеале да го убијат, сопругата на Сергеј, Татјана, завршила во болница со нервен слом, додека нејзината љубовница Јулија Павлјукова е приведена.