» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
САД и Русија, партнери за зачувување на безбедноста на Европа
19:30 | 29.01.2010 | Автор: МИА
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денес дека САД ќе соработуваат со Русија и со партнерите во НАТО, со цел да се зајакне безбедноста во Европа. НАТО не е закана за Русија, истакна Клинтон. Тие треба да бидат партнери, рече таа и заедно да се соочат со новите проблеми, глобалното затоплување и ширењето на нуклеарното оружје.САД и Русија нема секогаш да се согласуваат, но и кога нема да се согласуваме ќе бараме начини за да ги надминеме разликите, додаде Клинтон. Како пример за несогласување таа го наведе спорот кој настана поради отцепените грузиски покраини Абхазија и Јужна Осетија. Клинтон повтори и дека новите плановите на Вашингтон за антиракетниот штит во Европа не претставуваат закана за Русија.


