» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Саркози пристигна на Хаити со план за обнова и нов почеток во односите со карипската држава
17:15 | 17.02.2010 | Автор: МИА
Порт-о-Пренс, 17 февруари - Францускиот претседател Никола Саркози пристигна денеска на Хаити со француски план за обнова на карипската држава по земјотресот на 12 јануари, како и со цел да постави нов почеток во односите со поранешната француска колонија.
Претседателот Рене Превал го пречека Саркози на аеродромот, додека дувачки оркестар ја свиреше Марсељезата, по што двајцата лидери полетаа со хеликоптер за воздушна обиколка на разурнатата престолнина и ја посетија француската полска болница.
Некои Хаиќани го поздравуваат новопројавениот интерес на Франција кон нивната земја како противтежа на САД, кои испраќале тука војски трипати во последните 16 години.
Саркози е првиот француски претседател во историјата кој го посетил Хаити - некогаш најбогатата колонија на империјата.
Неговата посета меѓутоа навраќа и горчливи спомени за цената на независноста на Хаити во 1804 година. Една третина од населението е убиено во востанието против исклучитечно бруталното ропство, наложено е меѓународно ембарго, за да се спречат бунтови на робовите на други места.
Задушена од меѓународното ембарго, раководено од САД, наложено од француски воени бродови, Хаити мораше да и плати на Франција 150 милиони златни франци компензација за „загубената сопственост“, вклучувајќи и робови, на француските сопственици на плантажи.
Локалните политичари оваа седмица деликатно го заобиколија прашањето за француски репарации - барање поставено на Париз од соборениот претседател Жан-Бертран Аристид во 2004. Тоа значи дека четиричасовната посета на Саркози може навистина означува почеток на нова ера.
Француски извори соопштија дека Саркози ќе објави француски план за обнова на Хаити.
Тој особено не се разликува од предлозите на претставници на Хаити, ОН и САД да се децентрализира власта од разурнатата престолнина и да се стимулира земјоделието и туризмот.
Друга помош дојде од „Ер Франс“ - денеска авиокомпанијата објави дека ќе ги обнови летовите до Порт-о-Пренс три пати дневно, пет дени во седмицата, од петок. Едниот лет ќе биде до Мајами, Флорида, другите до престолнината на Гвадалупе, од каде има врска за Париз.
Франција веќе објави дека ќе го анулира долгот на Хаити од 56 милиони евра во 1850 година.


