Се­кој де­сет­ти во Евро­па без ра­бо­та

21:15 | 01.02.2010 | Автор: Шпиц

Не­вра­бо­те­но­ста во 16 зем­ји на Евро­зо­на­та до­стиг­на де­сет от­сто, прв­пат од во­ве­ду­ва­ње­то на за­ед­нич­ка­та европ­ска ва­лу­та во 1999 го­ди­на.

Ста­ти­стич­ка­та аген­ци­ја на ЕУ, „Евро­стат“ ги об­ја­ви по­да­то­ци­те за пос­лед­ни­от ме­сец од ми­на­та­та го­ди­на, кои по­ка­жу­ва­ат де­ка нај­го­ле­ми проб­ле­ми со не­вра­бо­те­но­ста во евро­зо­на­та има Шпа­ни­ја, до­де­ка од дру­ги­те оста­на­ти член­ки во нај­ло­ша со­стој­ба е Ле­то­ни­ја.

Ин­фор­ма­ци­и­те за ре­корд­на­та стап­ка на не­вра­бо­те­ност сле­дат по об­ја­ву­ва­ње­то на по­да­то­ци­те за рас­теч­ка­та инф­ла­ци­ја во Уни­ја­та. Го­диш­на­та стап­ка на раст на це­ни­те се иска­чи­ла на еден от­сто, што прет­ста­ву­ва но­во зго­ле­му­ва­ње по па­дот на ре­корд­ни­те ми­нус 0,7 от­сто пред шест ме­се­ци. Це­ни­те во ЕУ бе­ле­жат раст во мо­мен­тот ко­га евро­то сла­бее во од­нос на до­ла­рот.

Спо­ред по­да­то­ци­те на „Евро­стат“, не­кол­ку не­де­ли пред ка­то­лич­ки­от Бо­жик без ра­бо­та оста­на­ле око­лу 87.000 лу­ѓе низ евро­зо­на­та. Стап­ка­та од 10 от­сто е нај­го­ле­ма од ко­га е во­ве­де­на за­ед­нич­ка­та ва­лу­та и е по­го­ле­ма од 9,9 от­сто, кол­ку што би­ло за­бе­ле­жа­но во ми­на­ти­от но­ем­ври.

Во два­е­сет и се­дум­те член­ки на ЕУ, де­кем­ври­ска­та стап­ка на не­вра­бо­те­ност би­ла не­што по­ма­ла и из­не­су­ва­ла 9,6 от­сто, што би зна­че­ло но­ви 163.000 лу­ѓе без ра­бо­та. Спо­ред про­це­ни­те на екс­пер­ти­те, по­ве­ќе од 23 ми­ли­о­ни лу­ѓе не­ма­ат ра­бо­та во европ­ски­от блок. Тоа зна­чи де­ка ми­на­та­та го­ди­на 4.628.000 гра­ѓа­ни до­би­ле ста­тус на не­вра­бо­те­ни. Од тој број, око­лу 2.787.000 ги има­ло во 2009 го­ди­на без ра­бо­та во евро­зо­на­та, пре­не­су­ва­ат ме­ди­у­ми­те.