» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Серена ќе продава за помош за Хаити
Деведесет и два дена ќе имаа аукции на нејзините работи за да собере 92.000 долари, колку што изнесуваше нејзината казна на ОП на САД
Првопласираната на професионалната тенисерска листа Серена Вилијамс има намера да испрати помош за настраданите во земјотресот на Хаити во висина на казната што ја заработи на Отвореното првенство на САД. Таа во Њујорк беше казнета со рекордни, за тенисот, 82.500 американски долари, бидејќи на линиската судијка за досуден престап и одземен поен & рече дека ќе & го набие топчето во грло. За непристојното однесување за време на поразот од Белгијката Ким Клистерс во полуфиналето на ОП на САД, Тенисерската федерација на САД и одреди казна од дополнителни 10.000 долари. Сега, Серена Вилијамс има намера да собере 92.500 долари и да ги донира за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 7 степени по Рихтеровата скала на Хаити.
- Целта на оваа мисија е негативното да го претворам во позитивно. Сакам да ги образуваме жените, мажите, а посебно децата, за да имаат шанси да се изборат за пристоен живот - изјави Серена Вилијамс.
За продажба на популарната аукциска интернет-страница „Ибеј“ се понудени и потпишаните патики што Серена ги носеше на минатогодишното Отворено првенство на Австралија, фустанот со кој настапи на Олимписките игри во Пекинг, како и дрес од НБА-тимот на Феникс Санс потпишан од плејмејкерот Стив Неш.
- Многу познати личности ни се приклучуваат во акцијата и ни подаруваат свои работи со цел да ни помогнат. Секако, огромна помош имам од мојата сестра Венус. Најважно од целиот проект е тоа што парите ќе заминат во прави раце, а убедена сум дека сето ова немаше да се случи да не бев казнета - додава Серена.


