» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Си го пронашла татко си на Фејсбук
Татко и ќерка, кои немале никаков контакт 48 години, се пронашле на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“. Педесет и едногодишната Британка Френсис Симпсон, последен пат својот татко го видела непосредно пред разводот на своите родители, кога имала едвај три години. Од својата осумнаесетта година, Симпсон безуспешно се обидувала да стапи во контакт со таткото. Неодамна од своите пријатели дознала дека има полусестра. Откако го дознала нејзиното име, го пронашла нејзиниот профил на Фејсбук и испратила кратка порака.
- Ова ќе звучи шокантно, но мислам дека ние двете сме сестри, напишала Симпсон во пораката. Нејзината деветнаесетгодишна сестра Ким во моментот кога ја читала пораката, седела покрај својот татко, седумдесет и двегодишниот Тони Мекаунтон. Неколку минути подоцна, Ким & одговорила на својата сестра и ја прашала што сака да поразговара со него. На тој начин, Симпсон по речиси половина век првпат зборувала со својот татко и како што изјавила од тогаш не престануваат да разговараат. Таа вели дека со својот татко имаат слична смисла за хумор, а летувале и на исти дестинации. По кус период, Симпсон отишла на гости кај својот татко и кај својата полусестра, а набрзо и тие ја посетиле, по што таа ги запознала со своите пет деца и двајца внуци.
- Мојата среќа нема крај, конечно повторно имам татко - изјавила Симпсон.


