Силувано 11-годишно девојче, познанството од Фејсбук

10:00 | 09.04.2010 | Автор: МИА
Јавноста во Кипар е шокирана заради силувањето на 11-годишно девојче од страна на 38-годишен маж, кој со неа се запознал преку социјалната мрежа Фејсбук, соопштуваат кипарските грчки весници.
Силувачот е грчки државјанин, кој како доброволец служи во Националната гарда на Кипар и вчера бил предаден на судот во Лимасол. Против него се покренати обвиненија за силување и сексуално насилство врз малолетно лице.
Според полицијата, девојката била силувана на 15 март. Една недела потоа девојчето и кажало на мајка си за тоа што и се случило.
Таа признала дека со силувалот се запознала на Фејсбук. На мрежата си размениле телефони и почнале разговори. Потоа се договорили да се видят и уште на првата средба 38-годишният маж ја силувал.
Мажот, кој е женет и има три деца, го признал делото, но тврдел дека не знаел дека девојката има едвај 11 години.