» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Скопје праќа 25.000 евра помош за Чиле
12:45 | 01.03.2010 | Автор: e-reporter
Градот на солидарноста Скопје ќе испрати 25.000 евра помош за преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Чиле, соопштија денеска градските власти.
„Градот Скопје длабоко сочувствува со жителите на Чиле, по земјотресот што однесе стотици животи и предизвика голема материјална штета. Освен понудената парична помош, во соработка со Црвениот Крст на Македонија ние и натаму ќе ја следиме состојбата во Чиле и доколку е потребно ќе понудиме дополнителна материјална помош“, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Земјотрес со јачина од 8.8 степени според Рихтер го погоди во саботата Чиле, и посред последните информации однесе најмалку 700 животи во оваа латиноамериканска држава.