» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Славните ќе пеат за Хаити
14:15 | 21.01.2010 | Автор: Билјана Вучковска
По катастрофалниот земјотрес на островот Хаити, кој однесе голем број човечки жртви, а преживеаните се борат за корка леб, славните пејачки ѕвезди одлучија да им помогнат со песна. Познатиот рапер Џеј Зи и момците од „Ју-ту“ напишаа песна за Хаиќаните.
- Боно доби повик од продуцентот Свиз. Тој и Џеј Зи сакаа да направат нешто за Хаити. Боно преку телефон смисли фраза, се најдовме на едно место, ја напишавме, ја снимивме и им ја пративме - изјавил гитаристот Еџ за Ем-ти-ви.
Денеска во Лондон ќе се сретнат поп-ѕвездата Ријана и Еџ каде што заеднички ќе ја изведат песната во рамките на телефонскиот маратон на Ем-ти-ви насловен „Надеж за Хаити“.
Во овој музички хепенинг ќе учествуваат Брус Спрингстин, „Колдплеј“, Тејлор Свифт, Шакира, Џорџ Клуни, Андресон Купер, Вајклиф Жан, „Дејв Метјуз бенд“, Џастин Тимберлејк, Алиша Кис, Стинг, Криситна Агилера, Џон Леџенд, Џенифер Хадсон и Мери Џеј Блајџ.
Како што наведуваат од Ем-ти-ви, околу 100 познати имиња од светскиот шоу-бизнис се пријавиле да учествуваат во хуманитарната акција.
С* уште не е утврдено името на синглот и кога ќе биде објавен, а ова ќе биде прва соработка меѓу ирските рокери и познатиот рапер.
Заедно настапија на неколку концерти минатата година, а на доделување на Ем-ти-ви европските награди 2009 „Ју-ту“ го изведоа својот хит „Блооди сундај“.