» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Со вода и лукче не се минуваат пет километри
Расте очајот во семејството на шестгодишната Ангела Ѓоргиоска, која исчезна кај селото Дуње во Мариово пред шест месеци, откако ловџии најдоа остатоци од детско тело во околината на соседното село Пештани. Родителите Борка и Анастасија ги очекуваат резултатите од Институтот за судска медицина, но и да се потврди дека остатоците се од Ангела, не веруваат дека нивната ќерка успеала сама да отиде 5 километри далеку во планината.
- Ангела имаше каснато само една лажичка водичка со лукче, не беше ништо јадена, што значи дека немаше сили таа на влечки да стигне до таму каде што тврди полицијата дека се пронајдени остатоците. Не ми се верува дете до таму само да појде. Плус на 40 Целзиусови степени. Не можам повеќе да истрпам! Единствено некој ако ја однесе таму! Шест месеци никој ништо не ни кажуваше. Од ден во ден се чувствувам се полошо. А и така да е, шест месеци орел немаме видено. Еден господ знае како и што било! - вели мајката Анастасија.
Мајката вели дека Ангела не зашетувала низ селото и била психички здрава и права.
Институтот за судска медицина треба да ги соопшти резултатите од пронајдените коски кај Самовилец, на кои немало масни остатоци.
Според МВР, во последните 10 години пријавени се 46 случаи за исчезнати лица до 14 години. Расветлени се 44 случаи и пронајдени се 48 деца.


