Со­стој­ба­та на Ко­со­во мир­на, но по­тен­ци­јал­но кре­вка

12:00 | 23.01.2010 | Автор: Шпиц

На вче­раш­на­та сед­ни­ца на Со­ве­тот за без­бед­ност на Обе­ди­не­ти­те на­ции бе­ше разг­ле­дан нај­но­ви­от из­ве­штај на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ОН, Бан Ки-мун, во кој си­ту­а­ци­ја­та на Ко­со­во бе­ше оце­не­та ка­ко „ре­ла­тив­но мир­на, но по­тен­ци­јал­но кре­вка“. Исто та­ка, вла­сти­те во Ср­би­ја и на Ко­со­во беа по­ви­ка­ни да го оста­ват на­стра­на разг­ле­ду­ва­ње­то на ста­ту­сот во ин­те­рес на ре­ги­о­нал­на­та со­ра­бо­тка, ја­ви­ја ло­кал­ни­те ме­ди­у­ми.

Бан Ки-мун по­ба­ра од Бел­град и од При­шти­на да би­дат фле­кси­бил­ни, со цел да се де­фи­ни­ра на­чи­нот на учес­тво­то на Ко­со­во во ре­ги­о­нал­ни­те и во ме­ѓу­на­род­ни­те ме­ха­низ­ми и фо­ру­ми, што спо­ред не­го е не­оп­ход­но за еко­ном­ски­от и за де­мо­крат­ски­от раз­вој и дол­го­роч­на­та ста­бил­ност на ре­ги­о­нот. Пр­ви­от чо­век на ОН истак­ну­ва де­ка и УН­МИК оста­ну­ва при­вр­зан на олес­ну­ва­ње­то на ан­га­жи­ра­ње­то на си­те стра­ни, за да се про­нај­дат пра­ктич­ни ре­ше­ни­ја за пра­ша­ња­та од за­ед­нич­ки ин­те­рес.

- Ме­ѓу­ет­нич­ки­те ин­ци­ден­ти по­себ­но оста­ну­ва­ат при­сут­ни во се­вер­ни­от дел на Ко­сов­ска Ми­тро­ви­ца, што прет­ста­ву­ва при­чи­на за за­гри­же­ност - наг­ла­су­ва Бан Ки-мун во из­ве­шта­јот.

На сед­ни­ца­та, из­ве­шта­јот на УН­МИК го прет­ста­ви ше­фот на ми­си­ја­та на ОН на Ко­со­во, Лам­бер­то За­ни­јер. Ста­во­ви­те на Ср­би­ја ги из­не­се срп­ски­от пре­тсе­да­тел, Бо­рис Та­диќ, а на сед­ни­ца­та при­сус­тву­ва­ше и ко­сов­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Скен­дер Хи­се­ни, пре­не­су­ва­ат ме­ди­у­ми­те.

Тагови (карактеристични поими за веста):
безбедност | косово |