» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Средба Иванов - Стуб
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Финска Александар Стуб, кој престојува во еднодневна посета на земјава. На средбата е констатирано и потврдено пријателството меѓу двете земји, изразени се очекувања за унапредување и интензивирање на политичките односи и соработка во сите сфери на заеднички интерес. Претседателот Иванов ја реафирмирал поканата за посета на претседателката Халонен на Македонија. Тој истакнал дека Република Македонија високо ја цени принципиелната поддршка на Република Финска во однос на нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО, и го поздравил континуираниот став на Финска за политиката на „отворени врати" во процесот на проширување.
Македонскиот претседател го запознал финскиот шеф на дипломатијата со суштината на случувањата во процесот на изнаоѓање решение за проблемот кој Грција го има со нашето уставно име и потенцираше дека и покрај апсурдноста на спорот кој ни е наметнат, Република Македонија конструктивно учествува во процесот кој се води под покровителство на ОН. Доколку Грција се придружува до резолуциите на ОН, на меѓународното право и принципи, и доколку својата декларативна подготвеност за разрешување на спорот ја демонстрира и на дело, подвелокол претседателот Иванов, до решение може да се дојде и Македонија е целосно подготвена за решавање на наметнатиот спор за името.
Министерот Стуб ја поздравил континуираната конструктивност на Република Македонија во преговарачкиот процес за разликите околу името и изразил задоволство за непоколебливоста на државата на реформскиот пат и евро-атлантските интеграции. Министерот Стуб изразил надеж дека Република Македонија ќе си ги заземе местото кое што го заслужува за интеграција во ЕУ и на тој план има стопроцентна поддршка од Финска. Министерот Стуб ја изразил подготвеноста на Република Финска да помогне со своите искуства во преговарачкиот процес на Република Македонија.
Двајцата соговорници, како што се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот, заемно констатирале дека интеграцијата на целиот регион во ЕУ е предуслов за трајна стабилност и просперитет на регионот на ЈИЕ.


