Срп­ски­те уче­ни­ци учат не­ба­ра­ни про­фе­сии

21:00 | 03.02.2010 | Автор: Шпиц

Не­у­сог­ла­се­но­ста ме­ѓу ре­ал­ни­те по­тре­би на па­за­рот и по­ли­ти­ка­та на упис на срп­ски­те уче­ни­ци во сред­ни­те учи­ли­шта и фа­кул­те­ти е ед­на од глав­ни­те при­чи­ни што во срп­ско­то Би­ро за вра­бо­ту­ва­ње се при­ја­ве­ни по­ве­ќе од 730.000 не­вра­бо­те­ни, ја­ви­ја ло­кал­ни­те ме­ди­у­ми. Срп­ски­те ра­бо­то­дав­ци сме­та­ат де­ка овој број би мо­жел да би­де на­ма­лен за ед­на тре­ти­на до­кол­ку на се­кои две го­ди­ни се спро­ве­ду­ва­ат истра­жу­ва­ња во фир­ми­те со пра­ша­ња за тоа кои ра­бот­ни ме­ста се де­фи­ци­тар­ни на па­за­рот, а за кои се сме­та де­ка ќе би­дат ба­ра­ни во на­ред­ни­те де­сет го­ди­ни. Иа­ко во пос­лед­ни­те осум го­ди­ни, од по­че­то­кот на ре­фор­ми­те во срп­ско­то обра­зо­ва­ние, се во­ве­де­ни 60 обра­зов­ни про­фи­ли, бро­јот на од­де­ле­ни­ја за про­фе­сии кои се су­фи­ци­тар­ни на па­за­рот и по­на­та­му не е на­ма­лен. Екс­пер­ти­те пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка др­жа­ва­та со та­кви­от став по­ка­жу­ва оти не & е гри­жа за тоа да­ли мла­ди­те има­ат шан­са да нај­дат ра­бо­та во стру­ка­та за кој се шко­лу­ва­ат.

- Ние до­би­ва­ме ста­ти­стич­ки по­да­то­ци за тоа што мо­мен­тал­но по­ве­ќе се ба­ра, а што по­мал­ку, но сe` уште ни­кој не до­шол кај нас со се­ри­оз­на ана­ли­за и про­це­на на дви­же­ње на па­за­рот за след­на­та де­це­ни­ја. Би са­кал ра­бо­то­дав­ци­те кои има­ат ка­пи­тал да се из­јас­нат и да ка­жат кој ка­дар би тре­ба­ло др­жа­ва­та да го шко­лу­ва - ве­ли Ра­до­ван Жи­вко­виќ, со­вет­ник во се­кто­рот за сред­но обра­зо­ва­ние.
Од дру­га стра­на, ра­бо­то­дав­ци­те сме­та­ат де­ка ста­ну­ва збор за за­ме­на на те­зи­те, при што др­жа­ва­та тре­ба да по­ве­де си­стем­ска ана­ли­за, ко­ја би тре­ба­ло да се спро­ве­де во се­ко­ја оп­шти­на, ре­ги­он и на кра­јот на ни­во на це­ла­та др­жа­ва.

- Со уче­ни­ци­те во по­стој­ни­те учи­ли­шта мо­же­ме да ја по­кри­е­ме ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на це­ла по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, а не са­мо на Ср­би­ја. За­тоа сме­там де­ка освен обра­зов­ни­от си­стем, по­треб­но е да се про­ме­ни и на­чи­нот на раз­мис­лу­ва­ње кај де­ца­та - ве­ли Дра­го­љуб Ра­јиќ, пре­тсе­да­тел од Уни­ја­та на ра­бо­то­дав­ци на Ср­би­ја.

Спо­ред нив­ни­те истра­жу­ва­ња, ре­чи­си си­те уче­ни­ци са­ка­ат да ра­бо­тат во јав­ни прет­при­ја­ти­ја, до­де­ка ед­вај три от­сто од сред­но­школ­ци­те са­ка­ат да ра­бо­тат во зем­јо­делс­тво. Ра­јиќ до­да­ва де­ка проб­ле­мот е во тоа што ни­кој не ги кон­сул­ти­ра ма­ли­те и сред­ни­те прет­при­ја­ти­ја кои вра­бо­ту­ва­ат најм­но­гу лу­ѓе. Спо­ред не­го, овој проб­лем би мо­жел да би­де де­лум­но ре­шен со усво­ју­ва­ње на на­ци­о­на­лен си­стем за кла­си­фи­ка­ци­ја на про­фе­сии.