Срп­ска­та по­ли­ци­ја не­ма да те­па ра­бот­ни­ци

Ми­ни­сте­рот Иви­ца Да­чиќ нај­а­ви пре­го­во­ри со по­ли­цај­ци­те и ре­че де­ка МВР ќе при­ме­ну­ва си­ла са­мо во крај­на по­тре­ба.

20:00 | 25.01.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска

Отка­ко вла­да­та на Ср­би­ја на те­ле­фон­ска сед­ни­ца во не­де­ла­та на­ве­чер му на­ло­жи на МВР со си­те средс­тва, па и со си­ла, да ги спре­чи штрај­ку­ва­чи­те во др­жа­ва­та да ги бло­ки­ра­ат па­ти­шта­та и пру­ги­те, два­та по­ли­ци­ски син­ди­ка­ти об­ја­ви­ја де­ка не­ма да ја по­чи­ту­ва­ат таа од­лу­ка и „не­ма да ги те­па­ат ра­бот­ни­ци­те”.

Ми­ни­сте­рот Иви­ца Да­чиќ нај­а­ви пре­го­во­ри со по­ли­цај­ци­те и ре­че де­ка МВР ќе при­ме­ну­ва си­ла са­мо во крај­на по­тре­ба.

Вла­да­та на Ср­би­ја на­ре­ди деб­ло­ка­да на па­ти­шта­та и пру­ги­те отка­ко штрај­ку­ва­чи во са­бо­та­та од Ниш и од Ле­ско­вац ба­рај­ќи исп­ла­та на во­е­ни днев­ни­ци, ги бло­ки­раа пру­ги­те Бел­град - Со­лун и Ниш - Со­фи­ја.

Пре­тсе­да­те­лот на По­ли­ци­ски­от син­ди­кат на Ср­би­ја Вељ­ко Ми­ја­ло­виќ из­ја­ви вче­ра де­ка по­ли­ци­ја­та не­ма ни­ко­гаш да ги пос­лу­ша на­ред­би­те да „го те­па глад­ни­от на­род”.

- На­ша ра­бо­та не е да се прес­ме­ту­ва­ме со лу­ѓе­то кои не­ма­ат од што да жи­ве­ат, из­ја­ви тој за срп­ски ме­ди­у­ми. Та­ков став под­др­жа и Але­ксан­дар Га­ври­ло­виќ, пре­тсе­да­тел на Не­за­вис­ни­от по­ли­ци­ски син­ди­кат, кој твр­ди де­ка вла­ста со го­ди­ни ја зло­у­по­тре­бу­ва по­ли­ци­ја­та.

За Да­чиќ, нај­а­ви­те на по­ли­цај­ци­те за не­по­чи­ту­ва­ње на од­лу­ка на вла­да­та се „за­гри­жу­вач­ки”.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Србија |