Штип - 67 години од депортацијата на македонските Евреи

14:00 | 10.03.2010 | Автор: МИА

/ По повод одбележувањето 67 години од депортацијата на 7.200 македонски Евреи во логорот во Треблинка, денеска во Штип претставници на Еврејската заедница во Македонија и амбасадорот на Израел, Давид Коен, положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи и ги посетија Еврејските гробишта.На комеморацијата беше потенцирано дека на 11. ти март пред 67 години се депортирани 551 лице или 191 семејство во логорот Треблинка. Амбасадорот на Израел, Давид Коен истакна дека младите генерации треба да се едуцираат за геноцидот кој е направен врз македонските Евреи.
- Не смееме да дозволиме да се повтори геноцидот низ историјата во 21 век, рече Коен.Тој додаде дека во наредните години ќе се продлабочи и соработката меѓу бизнси заедницата на двете земји. - Мислам дека во наредните години ќе видиме значаен напредок во нашата економска врска, затоа што многу израелски бизнисмени ме сретнуваат и ме прашуваат за можностите за инвестиција во Македонија, вели Коен.

commercial