Сто и десет милијарди евра помош за Грција

01:30 | 03.05.2010 | Автор: МИА

/ Министрите за финансии на земјите од еврозоната го одобрија планот за финансиска помош за Грција во висина од 110 милијарди евра за три години, јавија дел од западните медиуми повикувајќи се на дипломатски извори. Од вкупниот износ, 80 милијарди евра ќе бидат одобрени од земјите од еврозоната, а останатиот износ се очекува да биде доставен од Меѓународниот монетарен фонд.
Според западните медиуми, станува збор за најголем износ одобрен во новата историја на Европа на држава која се соочува со финансиска криза.Конечната одлука на министрите за финансии ќе биде одобрена на средбата на врвот на земјите од еврозоната на 7 мај во Брисел.

commercial