» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Штрајк на грчките таксисти
15:30 | 11.02.2010 | Автор: МИА
Грчките таксисти денеска стапија во 24-часовен штрајк, со што продолжува серијата од прекин на работата предизвикана од острите мерки на Владата со кои таа настојува да ја надмине економската криза во земјата.
Вчера штрајкуваа вработените во јавната администрација, кои закажаа нови протести за почетокот на следниот месец, а прекин на работата овој месец подготвуваат синдикатите на вработените во приватниот сектор.
Штрајкот на такси возачите започна истиот ден кога е објавено дека стапката на невработеност во Грција достигнала највисоко ниво во изминатите пет години.
Серијата штрајкови и го сврте вниманието и на ЕУ, која од Владата во Атина очекува да биде непопустлива на притисоците и да истрае во примената на мерките за штедење и рационализација.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интревју за денешното издание на „Монд“ истакна дека неговата земја верува во својата програма, дека од партнерите во ЕУ очекува „психолошка и политичка поддршка“ и дека не планира барање помош од Меѓународниот монетарен фонд.