Штрајк на посадите на „Бритиш Ервејз“

13:45 | 12.03.2010 | Автор: МИА

Британската синдикална унија „Унита“ соопшти дека елипажите на авионите на компанијата „Бритиш Ервејз“ (БА) ќе штрајкуваат два пати во текот на овој месец, откако не успеаја преговорите со управата на најголемата авионска компанија во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.
Прв штрајк ќе започне на 20 март и ќе трае три дена, а вториот на 27 март во траење од четрири дена.
Претставник на синдикалната унија изјави дека нема да има штрајк непосредно пред и по 4 април, за време на Великденските празници, за да не дојде до целосно блокирање на патничкиот авионски сообраќај и за да можат сите луѓе кои планирале патување за празниците да можат мирно да го поминат кусиот одмор.
Седумденвниот штрајк на авиоските екипажи е поддржан од преку 80 отсто од синдикалното членство, на гласањето што по тој повод беше изведено. Штрајкот се организира поради незадоволството на вработените стјуарди, стјуардеси и другиот помошен персонал од решението на компанијата да се замрзнат платите на определен период, поради измените на условите за работа и намалувањето на бројот на екипажите на интерконтиненталните линии.
Претставник на „Бритиш Ервејз“ изрази жалење поради ваквото решение на синдикатот и соопшти дека компанијата има дадено нова понуда за вработените. Според синдикатот, таа ќе биде ставена на гласање меѓу членството, па доклку биде прифатена, штрајкот ќе биде откажан.
Авионската компанија која веќе две години се судира со финански проблеми настојува да ги смали трошоците и да стане еднакво конкурентна како другите компании на британскиот пазар.
„Бритиш Ервејз“ обучи околу една илјада луѓе за работа во кабините на авионите, што би требало да го „покријат“ остуството на вработените додека се наоѓаат на штрајк.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Бритиш Ервејз | штрајк |