» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Тадиќ добитник на награда за чесност и толеранција
Претседателот на Србија Борис Тадиќ в сабота во Бохум, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, ќе ја прими наградата „Штајгер“- признание за чесност, отвореност, човечност и толеранција.
Во образложението за надградата, како што пренесува „еРепортер“ се наведува дека „Штајгер претставува синоним за чесност и отвореност на рударите, симбол на доверливост, верност и прврзаност во добри, но и во тешки времиња“.
Оваа награда , како што се истакнува, затоа им се доделува на личности од Германија и странство кои со „својата работа ги искажуваат токму наведените особини, кои доследно и чесно одат по својот пат, кои се ангажираат и даваат се од себе“.
Покрај српскиот претседател, наградата Штајгер в сабота ќе им биде врачена и на американскиот театарски режисер Боб Вилсон, потоа Ева Луизе Келер, сопругата на германскиот претседател која е ангажира во повеќе хуманитарни акции, како и германскиот актер Армин Милер – Штал.
Добитници на големото признание се и британскиот актер Кристоферл Ли, прозиводителот на здрава храна за бебиња Клаус Хип, германскиот композитор и пејач Мариус Милер Вестернхаген, како и јорданската принцеза Хаја.
На доделувањето на наградите ќе присуствуваат личности од германскиот политички и стопански живот, меѓу другите и Јирген Ритгерс, претседател на владата на покраината Северна Рајна Вестфалија, која со 18 милиони жители е најбројната германска федерална единка.


