» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Тајван ги скара Кина и САД
Поради одлуката на Вашингтон да му продаде на Тајван оружје за 6,4 милијарди долари, Кина го откажа веќе закажаниот состанок на американските и кинеските воени функционери
19:00 | 30.01.2010 | Автор: Шпиц
Кина ја откажа закажаната размена на посети на американските и кинеските воени функционери, како одговор на одлуката на Вашингтон да му продаде на Тајван оружје вредно 6,4 милијарди долари.
Кинескиот портпарол на министерството за одбрана соопшти дека американскиот потег претставува тешка повреда на спогодбата која ја постигнаа лидерите на двете земји.


