» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
„Телеграф“: Грција нема да има право на глас на Советот на ЕУ
Лондон, 17 февруари - Европската унија (ЕУ) го изрази својот оправдан гнев, лишувајќи ја Грција од нејзиното право на глас на одлучувачката средба следниот месец, пишува електронското издание на британскиот весник „Телеграф“.
Весникот оваа одлука ја оценува како најголемото понижување, на кое некогаш се ставила некоја земја членка на ЕУ.
Министрите за економија и финансии од ЕУ, вчера, на Грција и дадоа краен рок до 16 март да докаже дека може да ги применува големите ограничувања за своите расходи, за да го намали дефицитот од највисокото ниво во ЕУ - 12,7 проценти, на 8,7 проценти годинава.
На овој датум Грција ќе треба на ЕУ да му го претстави првиот извештај за својот напредок, откако е под засилено набљудување - нова надлежност што им е доделена на Советот и Комисијата со Лисабонскиот договор (член 121), прецизира електронското издание www.еuropolitics.info.
Ако земјата не успее да ја убеди ЕУ дека се однесува сериозно кон ограничувањата, Комисијата ќе предложи дополнителни даноци и намалување на трошоците, што ќе треба да бидат одобрени со квалификувано мнозинство од Советот.
Грција, меѓутоа, нема да учествува во гласањето, дополни весникот.
Симболичната одлука за одземање на правото на глас на Грција на една средба нема никакво практично значење, но тоа е повратен момент во уставната историја на ЕУ и претставува ненадоместлива загуба на суверенитетот, забележува „Телеграф“.


