» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Тепачка во тајванскиот парламент
13:00 | 19.01.2010 | Автор: Шпиц
Повеќе од 70 пратеници се степаа прексиноќа во тајванскиот парламент, откако пратениците од опозицијата ја зазеле говорницата како револт поради изгласувањето на законот, со кој локалните претставници по автоматизам се поставуваат без одржување на избор.
Незадоволството кулминирало во текот на седницата, по што настанала масовната тепачка во која тројца се повредени.
Членовите на Демократско-прогресивната партија се бореле и му ја тегнеле облеката на претставник од Националистичката партија. Според опозицијата, насилниот судир почнал бидејќи нивната партија ги исцрпела сите средства за изгласување на законот.
И покрај тоа, спорниот закон бил донесен откако престанала тепачката. Иако во јануари 2008 година тајванските пратеници се договориле повеќе да не се тепаат, покрај тоа инцидентите во тајванскиот парламент се чести, бидејќи тоа било единствен начин опозицијата да покаже цврст став по некои прашања.