» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Тимошенко го обвини Јанукович за кражба на гласови
Изборниот штаб на Јулија Тимошенко го обвини победникот во првиот круг на украинските претседателски избори, Виктор Јанукович, за кражба на три отсто од гласовите, јавија локалните медиуми. Украинскиот премиер и лидерот на опозициската проруска Партија на регионите ќе учествуваат во вториот круг од претседателските избори во Украина, кој ќе се одржи на 7 февруари, покажуваат официјалните резултати од изборите.
По пребројувањето на 95 отсто од гласовите, прорускиот претседател Јанукович во првиот круг води со 35 отсто, додека неговата противкандидатка Тимошенко доби 25 отсто од гласовите. Водачот на изборната кампања на Тимошенко, Александар Турчинов, изјави дека претставниците на Јанукович во изборните комисии на истокот и југот од државата украле три проценти од гласовите на нивната кандидатка. Јанукович е популарен во источните, проруски региони, додека водачот на „портокаловата револуција“ Тимошенко ја поддржува украинскиот запад. Турчинов вели дека многубројните претставници на Јанукович можеле да направат проневера на гласовите. Меѓународните организации кои ги набљудуваат изборите во Украина немаа никакви забелешки околу текот на гласањето во првиот круг, пишуваат светските медиуми. Од набљудувачките мисии соопштуваат дека е забележан значителен напредок во споредба со изборите од 2004 година, при што не биле прекршени политичките права и слободи на неделното гласање.


