» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Томас Хамарберг: Положбата на Ромите во камповите во Северно Косово, сканадалозна
10:15 | 16.02.2010 | Автор: МИА
Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Томас Хамарберг положбата на Ромите во косовските кампови Чешмин Луг и Остероде ја оцени како скандалозна.
Тој наведе дека при неговата втора посета на камповите во Северно Косово во рок од девет месеци констатирал дека положбата на Ромите не се промениле и оти тие и понатаму живеат во зони загадени со олово.
- Тоа што луѓето во тие кампови живеат десетина години е вистински скандал за што во голем степен е одговорна и меѓународната заедница. Оловото што е присутно во почвата, водата и воздухот е штетно за здравјето на луѓето, посебно на децата. Потребни се здрави домови за приближно 600 луѓе кои живеат во камповите. Тие луѓе имаат потреба од медицинско лекување, наведе Хамарберг.
Тој побара од европските држави да го прекинат принудното враќање на бегалците во Косово се додека Приштина не е во состојба да им обезбеди соодветни услови за живот, нега, образование и работни места