То­ше на пло­штад

16:15 | 20.01.2010 | Автор: Петре Ристовски
На круж­но­то парк­че на скоп­ски­от пло­штад „Ма­ке­до­ни­ја“ од вче­ра е по­ста­вен дво­стран бил­борд со ли­кот на слав­на­та ма­ке­дон­ска ле­ген­да То­ше Про­е­ски, по по­вод не­го­ви­от ро­ден­ден, на 25 ја­ну­а­ри.

Бил­бор­дот во ди­мен­зии 2,5 на три ме­три, фи­нан­си­ран од не­го­ви по­чи­ту­ва­чи и под­др­жу­ва­чи на не­го­ви­от лик и де­ло, ќе стои сe до 31 ја­ну­а­ри, а ќе би­де по­ста­вен и на три­го­диш­ни­на­та од тра­гич­но­то за­ги­ну­ва­ње на ле­ген­да­та, 16 октом­ври го­ди­на­ва.

Не­го­ви­те фа­но­ви ту­ка па­лат све­ќи и по­ло­жу­ва­ат цве­ќи­ња.

В са­бо­та од 20 ча­сот во „Але­ксан­дар па­лас“ пред но­ви­на­ри­те ќе се слу­чи про­мо­ци­ја на ал­бу­мот со пес­ни кои ги ком­по­ни­рал То­ше, а ги пе­ат То­ни Це­тин­ски, Бо­рис Но­вко­виќ, Ни­на Ба­дриќ, Аки Ра­хи­мов­ски, Еле­на Ри­сте­ска, Ка­ли­о­пи, Је­ле­на То­ма­ше­виќ и Бо­јан Ма­ро­виќ.

Пе­ја­чи­те след­на­та ве­чер, на 24 ја­ну­а­ри, во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“ ќе одр­жат ме­мо­ри­ја­лен кон­церт во чест на ро­ден­де­нот на То­ше.