» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Три милиони луѓе пребаруваат во секунда
Во текот на декември минатата година, во светот се направени дури 131 милијарда пребарувања на интернет, објави вчера компанијата што се занимава со истражувања за трендовите на интернет, Комскор. Можеби оваа огромна бројка на почеток не ви значи ништо, но сосема е поинаку ако ви кажеме дека според неа излегува оти во последниот лански месец се направиле дури за половина повеќе пребарувања во однос на истиот месец во 2008 година.
Истражувањето покажува дека во просек дневно се прават по четири милијарди пребарувања, односно 175 милиони секој час и она што е најинтересно излегува дека секоја секунда речиси 3 милиони луѓе ги користат интернет-пребарувачите. Најмногу по интернет „роварат“ Американците, Кинезите, Јапонците и Британците. Меѓу топ десет пребарувачките нации се и Германците, Французите, Корејците, Бразилците, Канаѓаните и Русите.
Овој фрапантен раст се случува во период кога се појавија неколку сериозни конкуренти на неприкосновениот интернет пребарувач Гугл. Свој интернет-софтвер за онлајн-навигација направија Мајкрософт, пребарувачот Бинг, додека во текот на минатата година на големо се промовираа и пребарувачите Волфрам Алфа и Кул.


